Метерологот Глигор по невремето во Охрид предупредува: Се што не е негово, кога тогаш езерото ќе си го исфрли (фото)

 

Охридскиот регион во текот на вчерашниот ден го зафати силен ветар што на моменти достигнуваше брзина и до сто километри на час. И тука нема ништо чудно, не е првпат засилен југ да дува во Охрид. И направил проблеми, и тоа не е спорно, настрадаа некои објекти, некои стари дрвја, неколку дотраени оџаци, несмасно монтирани и необезбедени ламаринени покривни конструкции. Но силниот ветар никако не го „излеа“ Охридското Езеро туку неговите разбрануваните води само ги изнесоа на површина сите наши пропусти, грешки, импровизации направени во изминатите не повеќе од сто години.

Водата навлезе и во угостителстите објекти. Ветерот со брзина од околу 90 километри на час носел се пред себе и предизвикал многу штети во градот.

Охридското Езеро во соработка со јужниот ветар ни го фрли в лице сето ѓубре што без контрола години наназад го фрламе во него и во притоките од неговото сливно подрачје. Сите луѓе од градот знаат дека при секој југ ѓубрето ќе ни дојде в двор... Старите охриѓани тоа го викаа езерото само си се чисти...

Метерологот Глигор Тодоров по невремето во Охрид предупреди дека се што не е негово, кога тогаш езерото ќе си го извади….. трпете ги последиците и не се жалете, напиша Тодоров.

 

 

 

 

18.03.2018 - 11:32
Фото: 
Социјаллни мрежи

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега