Видео: Македонците од Калгари, Канада протестираат против Законот за јазиците

Македонците кои живеат во Калгари, Канада организираа протест во кој остро го осудуваат изгласувањето на Законот за употреба на јазиците и побараа од Владата на Република Македонија да ги прекине преговорите за името со Грција.

„Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на Законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу албанската заедница и остатокот на македонското општество. Исто така, бараме од македонската Влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските чковекови права за самоидентификација и го презираат дигнитетот и достоинството на македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето уставно име“- велат организаторите на протестот во Калгари.

 

 

 

18.03.2018 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега