Големо слечиште, отсече три села во Кривопаланечко

 

Големо свлечиште предизвикано од интензивните врнежи дожд затрупа поголем дел од патниот правец Крива Паланка - село Дурачка река поради што целосно се отсечени селата Дурачка Река, Станци и Метов. 

Од Општина Крива Паланка информираат дека се работи на расчистување на свлечиштето.

- Одронот е на локација што претставува критична точка на овој патен правец. Механизацијата е на терен, екипи од Одделение за комунални дејности при општината и јавно претпријатие Комуналец со расположливите ресурси и механизација веќе работат на расчистување на теренот, изјави Борјанчо Мицевски,градоначалник на Крива Паланка.

Рече дека се очекува патот да биде расчистен во текот на денот,но екипи ќе дежураат и во  текот на ноќта. 

 

 

 

18.03.2018 - 15:11
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега