Тотален пресврт на времето: Подгответе се за невреме и снег

 

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне во западните и северните делови од Републиката.

Максималната температура ќе биде во интервал од осум до 12 степени.

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови.

Значително заладување од УХМР очекуваат од четврток, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег. 

 

 

 

19.03.2018 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега