Одбраната на Заев бара снимките од „Поткуп“ да се гледаат јавно

Одбраната на премиерот Зоран Заев кој е обвинет во случајот „Поткуп“ бара снимките за овој случај да се гледаат во присуство на јавноста, бидејќи според адвокатите снимките кои беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни, пренесе 24вести.

Обвинителството не се согласува со барањето на одбраната јавно да бидат прикажани пи мерките.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

 

 

 

19.03.2018 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега