Високите бранови оставија пустош во Охрид: Од денес барања за обештетување

Се расчистуваат штетите од високите бранови во Охрид. Најпогодени- крајбрежните објекти на потегот од Канео до Градскиот плоштад. Заседаваше и општинскиот кризен штаб. Од денеска ќе можат да се поднесуваат барања за обесштетување. 

Голем дел од експертите сметаат дека езерото всушност дошло по она што е негово. Тоа уште еднаш покажа дека нема простување за грешките и пропустите кои со години наназад се провлекуваат, пренесе МРТ.

Езерото од својата утроба вчера исфрли и купишта смет, слика од која треба да се засрами секој охриѓанец.

 

 

 

19.03.2018 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега