Двојно зголемени нивоата на реките - се најавува ново невреме

Речиси двојно зголемени во однос на просекот за март се нивоата на реките Вардар кај Зајчев Рид и Велес, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, покачувања, но не драстични, покажуваат и Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Црн Дрим кај Ложани.

Нивото е пониско од мартовскиот просек само на Црна Река кај Новаци. 

За денеска се најавува ново невреме.

 

 

 

19.03.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега