Допрва доаѓа најстудениот ден - не очекува многу дожд

УХМР за денеска прогнозира облачно време со дожд, а на високите планини и снег. Врнежите ќе бидат пообилни од пладне во западните и северните делови каде се очекува да надминат 20 литри на метар квадратен. Ќе дува повремено умерен јужен ветер кој краткотрајно во текот на денот во централните делови ќе засилува. Максималната температура ќе биде до 15 степени.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од дожд во снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се претежно од дожд. Врнежи со помал интензитет, претежно снежни, се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено. 

 

 

 

19.03.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега