Разрешени пет членови на Комисијата за спречување на корупцијата

Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за разрешување на пет членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои мпретходно поднесоа оставки.

Претседателот на Антикорупициската комисија Игор Тантуровски и дел од членовите на Комисијата поднесоа оставки откако во извештајот од внатрешната ревизија беа наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.  Оставки немаат поднесено уште двајца членови на Комисијата.

Покрај ова, на денешната седница беа разрешени и претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Од фукцијата претседател разрешен е Александар Софронијовски, а разрешени се и членовите на Комисијата. 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски посочи дека согласно извештајот за работата на Комисијата може да се увиди дека таа не е ефикасна и ефективна и оти навремено не ги разрешува предметите. 

 

 

 

19.03.2018 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега