Антикорупциска остана со двајца членови - Собранието бара оставки и од нив

Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за разрешување на пет членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои мпретходно поднесоа оставки.

И другите двајца членови од Комисијата за спречување на корупцијата да си поднесат оставки доколку ова регулаторно тело сака да ја извршува својата функција – да се бори со корупцијата, а не да ја создава, побараа членовите на собраниската комисија за избори и именувања. Ова тело денеска побара парламентот да се разрешат петте члена од Антикорупциска кои по притисок на јавноста поради наводи за злупотреби на патните трошоци поднесоа оставки, објави Сител. Од функцијата не се откажаа  Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски.

Хари Локвенец пак, се надева дека партиите во меѓусебен договор наскоро ќе договорат нов состав на Комисијата.

Пред две недели, од внатрешна контрола на Управата за јавни приходи во јавноста излегоа информации дека членови од Антикорупциска земале надоместок за патни трошоци со лажни патарини и патни налози, а имало и натплатување на кирија за користење на стан. Првично, претседателот на Комисијата Игор Тантуровски тврдеше дека во Антикорупциска нема корупција и дека извештајот од ревизијата е првичен, но по неколку дена мнозинствотото членови на ова тело, вклулчително и Тантуровски си поднесоа оставки од лични причини.

 

 

 

19.03.2018 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега