Законот за Математичко-информатичка гимназија го помина првиот филтер во Собранието

Пратениците во македонското Собрание попладнево во рамки на 38. седница дадоа поддршка на неколку предлог-закони во прво читање меѓу кои и на законот со кој се предлага основање на Математичко-информатичка гимназија.

Гимназијата ќе работи по наставни програми во кои посебен акцент ќе биде ставен на математиката, физиката и информатиката, а се предлага во нејзини рамки да функционира и еден вид центар за талентирани ученици. Услов за запишување ќе биде општиот успех на ученикот од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение и оценка 5 по предметите математика и физика, но ќе се полага и приемен испит. 

Покрај ова, поддршка во прво читање доби и Предлог-законот за пријавување и евиденција на обврските, чиј предлагач е Министерството за финансии, а со кој ќе се врши регистрација на сите неплатени обврски од страна на државните институции. 

На второ читање беа проследени и Предлог-законот за бесплатна правна помош, Предлог-законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог-измените на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај.

Во попладневниот дел беше разрешен Видан Кулевски од функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика.

 

 

 

19.03.2018 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега