Заев: Она што се направи во Собранието беше единственото можно решение согласно правото на Талат Џафери

Законот за употреба на јазиците нема да му наштети на никого. Оставете да се спроведе за да се уверите. Со овие зборови премиерот Зоран Заев и се обрати на јавноста, повторувајќи дека усвојувањето на законот е во согласно со Деловникот за работа на Собранието и согласно Уставот на Република Македонија.

Коментирајќи го носењето на Законот на јаициците, премиерот Зоран Заев денеска посочи дека она што се направи во Собранието при носењето на Законот за употреба на јазиците веројатно беше единственото можно решение согласно правото на претседателот на Собранието да констатира неделовничка и неуставна можност за блокирање за да се разгледуваат амандманите, после одлуката да се блокира функционалноста со поднесувањето 36.000 амандмани.

– Ние сме мултиетничка земја и многу е лесно да го посеете семето на национализмот, а прашање е како да изградите општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен. Апелирам Закнот да се пушти, да заживее и сите ќе видат дека не е болка за умирање, туку е за употреба на јазикот, а јазикот е за да се разбереме, рече Заев и нагласи дека ништо немало да се промени во Македонија и безобразно е да се зборувало дека во источна Македонија ќе морало да се учи албански јазик и дека ќе имало казни ако не се знае, или пак администрацијата ќе морала да учи албански јазик. Тоа, рече Заев, биле лаги.

Според него, Законот може само да го јакне ова општество во кое ќе има рамноправни граѓани кои ќе бидат зафатени за здравството, економијата, инфраструктура, борбата против корупцијата… она што живот значи за сите.

 

 

 

19.03.2018 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега