Изгубил контрола и со автомобилот влетал во нива - Гостиварчанец го загуби животот во тешка сообраќајка

Синоќа се случила страотна сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка во која животот го загубило едно лице.

Сообраќајната несреќа се случила во 19 часот, а за жал животот го загубил 51-годишниот Сулејман М. од Ростуше. До несреќата дошло кога Сулејман кој управувал со автомобил марка „Опел вектра“ во еден момент изгубил контрола и излетал во нива. 

Со тешки телесни повреди при несреќата се здобил и сопатникот на починатиот, А.Б.

Телото на починатиот е дадено на обдукција, додека повредениот патник заврши на Ургентниот центар во Скопје.

08.09.2013 - 11:33