Илија Димовски: Покажавме капацитет за институционално решавање на конфликти

 Препораките од извештајот на ад хок комисијата се суштински и фокусот на партиите потписнички треба да се насочи кон нивна целосна имплементација. Пратеникот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, и потписник на извештајот за настаните од 24 декември, Илија Димовски во интервју за Прес24, вели дека не сака да очекува какви било осптрукции во импементацијата на препораките во Собранието, бидејќи сите нивни насоки се дефинирани.

- Препораките се всушност суштинскиот и носечки столб на целиот Извештај. Тие се насочени кон релевантни прашања поврзани со подобрување на работата на Собранието на Република Македонија. Целта на препораките е да се направи сериозна реформа во процедурите со цел да се избегне можноста било кога во иднина Собранието на Република Македонија да биде блокирано или да биде доведено до раб на конфликт. Имавем сериозна работа во ad-hoc Комисијата во поглед на дефинирање на критичните точки заради кои сметаме дека настанаа или беа искористени за да настанат проблемите на и пред 24 Декември. Во подготовката и подредувањето на препораките беа вклучени приближно еднакво сите членови на Комисијата што на препораките им дава надпартиска важност и значење. Самиот факт дека во Комисијата членуваа тројца професори и двајца искусни пратеници на ови препораки им дава тежина и од теоретски, но и од практичен аспект, вели во интервјуто за Прес24, Димовски.

Тој очекува дека Европската комисија ќе го валоризира она што партиите го постигнаа како напредок во политичкиот дијалок и препораката за почеток на преговорите ќе остане и во следниот извештај на Комисијата.

- Како држава покажавме дека имаме капацитет еден толку интензивен и неочекуван конфликт да биде надминат и да биде поставен во институционална рамка со јасни и прецизни препораки, изработени дома, чија реализација ќе гарантира неможност за блокирање на институциите во иднина и ќе гарантира неможност за злоупотреба на законодавните постапки за тесни партиски цели и интереси. Сите чекори и сите одлуки кои беа донесени во целиот процес на изработка на Извештајот за 24 Декемви ја имаат својата смисла само и само ако бидат постигнати тие две цели, позитивна препорака и подобрување на ефикасноста во работата на Собранието на Република Македонија, вели Димовски.

Во интервјуто за Прeс24, директорот на центарот за комуникации на владеачката партија, зборува и за релациите внатре во владеачката коалиција.

 

ПРЕС24: Ќе ја задржи ли Македонија препораката за почеток на пристапните преговори, откако власта и опозицијата го потпишаа извештајот за настаните од 24 декември?

ДИМОВСКИ: Тоа секако е одлука на Европската Комисија, но јас сум сигурен дека драстично ги зголемивме шансите за развој на настаните во таков правец. Впрочем, Извештајот на Европската Комисија е многу позначаен документ за Република Македонија и за нејзините граѓани од Извештајот на ad-hoc Комисијата за 24 Декември. Како држава покажавме дека имаме капацитет еден толку интензивен и неочекуван конфликт да биде надминат и да биде поставен во институционална рамка со јасни и прецизни препораки, изработени дома, чија реализација ќе гарантира неможност за блокирање на институциите во иднина и ќе гарантира неможност за злоупотреба на законодавните постапки за тесни партиски цели и интереси. Сите чекори и сите одлуки кои беа донесени во целиот процес на изработка на Извештајот за 24 Декемви ја имаат својата смисла само и само ако бидат постигнати тие две цели, позитивна препорака и подобрување на ефикасноста во работата на Собранието на Република Македонија.

 

ПРЕС24:  Ставот на Вашата партија е познат околу овој извештај, особено во делот на правните квалифијации. Ако како работна група успеавте да постигнете согласност околу суштинските делови од извештајот, околу препораките, зошто не можевте да ги усогласите ставовите околу правните квалификации?

ДИМОВСКИ: Извештајот е доста сериозен и комплексен документ. Жалам што заради преголемата концентрација на вниманието кон она за што не сме се согласиле со СДСМ, а тоа се правните квалификации, во јавноста многу малку внимание се обрна на она за што сме се согласиле, а тоа е целата останата содрижна на Извештајот. Правните квалификации беа посакуван дел од Извештајот за СДСМ, но не и неопходен, бидејќи и со нив и без нив Извештајот ќе ја добие својата смисла и ефективност само ако се исполнат препораките. Правните или како што некои професори ги нарекуваат, политички квалификации се само израз на начелни ставови на кои инсистираа СДСМ, веројатно со цел да постигнат или да добијат некој политички поен пред домашната јавност. Колку јас можам да ги разберам во нивните постапки тие посакуваа квалификации за прекрушување на Устав и за утврдување на лична одговорност кај одреден број на лица, но во моментот кога ја добија можноста да имаат правни, односно политички квалификации какви што сакаат, ја увидоа неодржливоста на таквите свои тврдења и не беа спремни да превземат таква одговорност. За нас беше значајно да има Извештај и сите фактори да се вклучени во тој извештај. На крај успеавме да го постигнеме тоа.

 

ПРЕС24:  Како и во кој момент дојде до оваа состојба?

ДИМОВСКИ: Дебатата околу возможните правни, односно политички, квалификации траеше долго време. Комисијата ја имаше завршено својата работа во смисла на целата останата содржина на Извештајот во моментот кога претседателот Давитковски ја понуди својата оставка. Иако бевме изложени на многу чести менувања на ставови и позиции од другата страна, со целосно позитивен и конструктивен пристап, успеавме да ја утврдиме фактичката состојба, да ги дефинираме невралгичните точки во постапките и во институционалната поставеност и да дадеме свои препораки за надминување на проблемите. Се што следеше после тој момент беше или купување време или нова и нова промена на ставовите на СДСМ, дури и за предлози што самите ги давале, или обид за наметнување на нивните партиски ставови кон целата Комисија и кон сите кои беа вклучени во овој процес. Нивниот однос оставаше впечаток на отсуство на координација и прецизност во политичката визија. Ние и до ден денес не видовме што за нив беше приоритет. Во една таква состојба, чекорите кои ги превземавме беа единствена опција како можете да воспоставите базична согласност со партнер од таков карактер.

 

ПРЕС24:  Вашата изјава дека овој извештај е како тоалет хартија беше остро дочекана. Зошто потребата од дополнително објаснување под потписите дека нема согласност за правните квалификации?

ДИМОВСКИ: Изјавата се однесуваше на палома хартија со која во СДСМ, во месец март, водеа оро славејќи го фактот дека оваа година ќе имало предвремени парламентарни избори. На истиот начин, со истата илузија и со истата неискреност кон граѓаните, а пред се кон своето членство и поддржувачи СДСМ се обиде и овие правни квалификации да ги претстави како некоја своја победа. Заради тоа се наметна потребата да бидеме јасни и да им кажеме дека тие правни, односно политички квалификации, прифатливи само и само за нив, имаат иста важност како и славењето што тие го организираа за да го лажат сопственото членство.

Во делот со потписите, би сакал да потенцирам еден факт, а тоа е дека Извештајот на комисијат не е правен акт препознатлив за правниот промет, ниту во формална, ниту во материјална смисла, тој е акт кој и во својата композиција и по својот предмет и по составувач и по номенклатура е чисто политички акт. Земајќи го во предвид тоа, слободно изразената воља и став, во овој случај моја и на колешката Дулиќ, е прашање за кое постои највисока уставна гаранција. Никој нам ниту може ниту смее да ни забрани да ја искажеме на јасен начин нашата позиција и мислење.

Потребата да се постави резерва кон правните, односно политички квалификации потекнува токму од детската инаетливост на СДСМ и нивната неспремност да одговорат кон интересот на целата држава и на сите граѓани, а водејќи сметка за тесните партиски интереси. Сакаа правни квалификации, сега ги имаат, но тие се со важност за нивните затворени партиски состаноци. Она што е значајно за нас е фактот дека Македонија продолжи да чекори по европската траекторија.

 

ПРЕС24:  Какви се ракциите од Брисел. Колку Европската Унија е задоволна од ваков извештај?

ДИМОВСКИ: Сите видовме дека стигнаа голем број на официјални честитки за успешно завршената работа на ad-hoc Комисијата. Стигнаа и голем број на неофицијални пораки на поддршка за превземената храброст и одговорно однесување. Ние се надеваме дека чекорите кои ги прави Република Македонија ќе бидат правилно валоризарани од страна на сите релевантни меѓународни институции.

 

ПРЕС24:  Без разлика на тоа која од партиите како гледа на извештајот, сепак тој има обвразувачки елементи. Препораките мора да се имплементираат во Собранието. Со која динамика ќе се одвива овој процес?

ДИМОВСКИ: Препораките се всушност суштинскиот и носечки столб на целиот Извештај. Тие се насочени кон релевантни прашања поврзани со подобрување на работата на Собранието на Република Македонија. Целта на препораките е да се направи сериозна реформа во процедурите со цел да се избегне можноста било кога во иднина Собранието на Република Македонија да биде блокирано или да биде доведено до раб на конфликт. Имавем сериозна работа во ad-hoc Комисијата во поглед на дефинирање на критичните точки заради кои сметаме дека настанаа или беа искористени за да настанат проблемите на и пред 24 Декември. Во подготовката и подредувањето на препораките беа вклучени приближно еднакво сите членови на Комисијата што на препораките им дава надпартиска важност и значење. Самиот факт дека во Комисијата членуваа тројца професори и двајца искусни пратеници на ови препораки им дава тежина и од теоретски, но и од практичен аспект. Од друга страна, подготвувајќи ги препораките Комисијата внимателно се однесуваше и кон европското компаративно искуство во поглед на регулација на правилата за работа на парламентите. Затоа се надевам дека процесот на имплементација нема да биде процес кој ќе трае во недоглед. Имаме доста прецизни насоки што треба да сработиме и како треба да изгледа резултато на нашата работа како реботна група за имплементација. Сега на предизвик е парламентот и пратениците кои на директен или индиректен начин земаа учество во настаните од минатата година. Овој состав на Собранието на Република Македонија има предизвик да покаже дека може да ги реши проблемите кои настанаа во неговиот мандат.

 

ПРЕС24:  Можни ли се нови несогласувања на реалција власт-опозиција?

ДИМОВСКИ: Се надевам дека нема да има такви моменти. Би повторил дека препораките се прилично јасни и се веќе усогласени помеѓу двете партии. Тие се рамка од која во оваа фаза не би било добро да одиме надвор. Одговорноста за прифатените преораки ја имаат двете партии и заради тоа треба еднакво одговорно да се однесуваат кон нив. Ако успееме да ја надминеме дневната перцепција кон процедурите од аспект дали денес сме власт или опозиција, нашата работа ќе биде динамична. Јас сум свесен дека постои одреден степен на недоверба помеѓу пратеничките групи во Собранието и дека тоа може да биде проблем, но во исто време сум задоволен што внатре во Собранието, токму преку оваа работна група за имплементација успеавме да воспоставиме нормален и редовен политички дијалог. Во работната група членуваат исклучително искусни пратеници кои извршувале одговорни задачи во Собранието и затоа очекувам дека резултатите ќе се позитивни.

 

ПРЕС24:  Што е она што треба да се усогласи меѓу законот за Собрание и Деловикот?

ДИМОВСКИ: Видете, Законот за Собрание и Деловникот се два правни акти со кои се регулира работата на нашето Собрание. Историјатот и целите поради кои биле донесени едниот и другиот правен акт се забележително различни, па и оттука има одреден степен на неусогласеност. Според видувањето на ad-hoc Комисијата, во иднина Деловникот треба да биде акт кој во својата содржина ќе ги има и правните нормативи кои сега се исклучиво содржани во Законот. Тоа е така од најмалку две причини. Првата причина е фактот дека Деловникот е нормиран како акт за регулација на работата на Собранието во самиот Устав на Република Македонија, а втората причина е фактот дека Деловникот се носи со апсолутно, а Законот со просто мнозинство, па заради тоа има и претпостевно поголема политичка тежина иако во Уставот е нормиран со правна сила еднаква на законите. Во двата акта има содржина која по предметот на кој се однесува има различна норматива, има содржина за која има спротиставена норматива а има и содржина која ја има во Законот, но ја нема во Деловникот. Во моментот се прави длабинска анализа на усогласеноста на овие акти и според таа анализа ќе се постапи. Би додал и дека во овој степен на развој, нашито Парламент воопшто не треба да се плаши од возможна хипер-регулација заради тоа што тоа е потреба како резултат на недостатокот од длабоко демократско искуство.

 

ПРЕС24:  Поркај координациите и роковите и постапките за седниците, во препораките посебен дел е и обезбедувањето во Собранието. Досега неколку истуации покажале дека собраниските служби за обезбедување не секогаш се доволно екипирани за ситуации како што беше онаа од 24 декември. Што подрзабира договорот за овој дел?

ДИМОВСКИ: Договорот во овој дел подразбира одвојување на собраниското обезбедување од системот на МВР, односно целосна имплементација на Законот за Собрание. Има согласност за ова. Она што работната група за имплементација треба да го направи е да го избере моделот по кој ќе биде воспоставена новата собраниска служба за обезбедување. Има повеќе компаративни искуства, постојат и подготвителни материјали во архивата на Собранието. Мислам дека за ова прашање нема да има големи предизвици во делот на утврдување и доусогласување, предизвиците ќе се во имплементацијата.

 

ПРЕС24:   Новинарите. Изминативе дваесетина години имаше неколку одлуки на Претседателите на парламентите со кои се воспоставуваше некакви правила за функционирање на новинарите. Но сепак се уште недостасува простор од кој непречено и без проблеми ќе се следат собраниските седници. Досгеа се користеше галеријата, која сепак има друга намена?

ДИМОВСКИ: Да, го утврдивме и го увидовме тоа. Но одбегнавме да наметнуваме строги препораки од аспект на почитување на слободата на новинарската професија. Она што ad-hoc Комисијата го препорача е да се отвори консензуален дијалог помеѓу Собранието и двете здруженија на новинари што треба да резултира со воспоставување на взаемно прифатливи стандарди за слобода на работа на новинарите и слобода во пристапот до информации кои се потребни за обавување на новинарската професија. Јас се надевам дека низ тој дијалог, неоптеретени од леви или десни позиции ќе бидат нотирани и надминати сите вакви или слични прашања за кои постои согласност дека создаваат недоверба.

 

ПРЕС24:   Опозиционите аналитичари извештајот за 24 декември го прогласија како прв пораз за ВМРО-ДПМНЕ по седум години власт. Бевте ли навистени поразени и ставенио пред свршен чин?

ДИМОВСКИ: Е заради такви аналитичари и заради такви празни логики беше онаа изјава за палома хартија. Инаку да потсетам дека истите тие аналитичари пред секои избори прогнозираа победа на СДСМ, пред секој извештај на ЕУ прогнозираа пораз на Македонија и слично. Станува збор за еден јасно дефиниран и мал круг на членови на СДСМ кои во јавноста се презентирани како експерти. Јас го почитувам нивното мислење, но тоа мислење ниту е релано, ниту има некаква употребливост.

Имаме Извештај, Македонија ќе продолжи да чекори кон ЕУ, во извештајот има правни квалификации прифатливи само за едната страна, за СДСМ, дури и тие квалификации никаде не дефинираат прекршување на Устав од страна на власта, СДСМ ја покажа својата некоординираност и својот страв од избори. Јас во овие резултати не гледам ниту еден пораз за ВМРО, напротив.

На крај, ако мислат дека победиле со Извештајот, зошто не прифатија избори или пак зошто мислат дека со победа на зелена маса би добиле и избори? Или пак можеби сеуште се надеваат дека не им се потребни избори за да победат? Еве неколку дилеми на кои тие аналитичари би можеле да се потрудат да дообјаснат.

 

ПРЕС24:   Ако зоруваме за пораз, дали до него дојде како резултат на губење на поддршката до владеачјата ДУИ, пред се околу нивниот став за предвремени избори?

ДИМОВСКИ: Нас целта не ни беа ислучиво предвремени избори, тие беа алатка како да се дојде до Извештај од ad-hoc Комисијата и следствено на тоа и позитивна препорака од Европската комисија. Баравме начин како Македонија да не го изгуби текот во евроатланските патеки, а еден од начините беа предвремени избори. Жалам што политичките партии во моменти на интензивиран политички судир не успеаа да видат дека суверенитето на одлучување за државата го носат граѓаните, а не политичките структури, но тоа е тема по која се разликуваат сите други од нас. Ќе повторам дека не гледам ниту еден пораз за ВМРО-ДПМНЕ или за Република Македонија во овој процес.

 

ПРЕС24:   Има ли несогласувања во владеачката коалиција?

ДИМОВСКИ: Има различни видувања за одредени прашања, но и има и дијалог кој континуирано тече на различни нивоа. За се што можеме да се усогласиме, сигурно дека се трудиме да биде така. Не би сакале никогаш да создаваме лажна слика, затоа секогаш искрено говориме за разликите.

 

ПРЕС24:   Во јавноста досега нема некој јасен и прецизен став за тоа дали постеите на Али Ахмети и средбите со грчките власти се дел од координирана агенда во владината колаиција или пак се само негова лична иницијатива?

ДИМОВСКИ: По ова прашање имаше јасен став од страна на Претседателот на Владата и од страна на Министерот на надворешни работи. Тие двајца впрочем се и најповикани да дадат своја оценка по однос на вакво прашање. Секако дека е добро секој кој мисли дека може да помогне, да проба, но и добро е секој да види директно со каков проблем всушност се соочува Република Македонија.

 

ПРЕС24:   Колки тие активности можат да имаат ефект и корист за прашањето за името?

ДИМОВСКИ: Незнам. Проблемот не е на оваа страна од границата. Проблемот е во отсуството на желба за решавање на проблемот во Атина. Ќе видиме наскоро.

 

ПРЕС24:   Ако се анализира по изјавата на Премиерот Никола Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за измени на изборното законодаство и имплементации на препораките на ОБСЕ, нешто што СДСМ го бара како услов за избори, тогаш веројатно од овој септември и овие измени би влегле во собраниска процедура. Вие како партија ќе иницирате дијалог за ова или ќе чекате СДСМ да понуди амандмански решенија?

ДИМОВСКИ: Во врска со оваа материја знам дека започната е работата во рамките на Министерството за правда. Таму постојат работни групи кои во континуитет ги следат овие прашања. Ние во последните неколку години повеќе пати сме правеле измени во насока на имплементација на препораки на ОБСЕ за подобрување на изборното законодавство и затоа не гледам причина да не го направиме тоа и сега. Напротив нашата идеја е во континуитет да ги подобруваме стандардите во нашето општество и во овој, но и во сите други сегменти. Се надевам дека СДСМ нема да продолжи да ги користи овие прашања како изговори и начин да избега од избори како што прави неколку пати наназад.

 

ПРЕС24:   Во март ќе има секако избори. Но колкави се шансите со претседателските да се трчаат и вонредни паралемнатрни?

ДИМОВСКИ: Во овој момент секоја анализа за таква можност е базирана само на претпоставки. Ние сме сконцентрирани на реализација на проектите и ветувањато од нашата програма и на локално и на државно ниво. Имаме проекти чија реализација е во тек и проекти кој треба да започнат да се реализираат. За нас тоа е предизвик. Изборите се само еден ден на кој се собираат резултатите од она што сте сработиле во минатите четири години.

 

 

08.09.2013 - 11:55