Пред Велигден засилени контроли и на боите за вапцање

 

Освен јајцата, чиј увоз деновиве, пред велигденските празници, подлежи на засилени контроли, интензивно се следат и производството и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира граѓаните да купуваат боја за јајца исклучиво од регистрирани производители увозници, која е соодветно означена и декларирана. 

- Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и бои за јајца, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 080032222 или електронски на info@fva.gov.mk, нагласува Агенцијата.

Во 2018 година се увезени вкупно 240.830 јајца, сите од Србија. Како небезбедни, поради несоодветно означување на рокот на употреба се поништени  16.620.

 

 

 

20.03.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега