Димитров и Коѕијас во Скопје на 22 март - потоа средба со Нимиц
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на 22 и 23 март доаѓа во официјална посета на Репубика Македонија, денеска потври македонското МНР.
Грчката делегација, предводена од Коѕијас, во четврток ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје.
Веста за посетата истовремено беше потврдена за МИА и од грчка страна, преку владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос
Македонскиот и грчкиот шеф на дипломатија, пак, на 30 март во Виена ќе имаат нова средба со посредникот на ОН во преговорите за името Метју Нимиц.
20.03.2018 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа