Стејт Департмент: САД се надеваат на брзо решение на спорот за името

САД продолжуваат со поддршка на тековните разговори под покровителство на ОН за решавање на проблемот со името на Македонија и го повикуваат македонското Собрание да се фокусира на потребните реформи, порача американскиот Стејт департмент. 

Во изјава дадена за МИА, портпарол на Стејт департментот укажа дека САД се надеваат на брзо решeние на долготрајниот спор со името.

- Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе постигнат заеднички прифатливо решение во интерес на евроатлантските интеграции, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот, се вели во изјавата.

Во однос на имплементацијата на Законот за употреба на јазиците изгласан од Собранието минатата недела, САД ги повикуваат парламентарните партии од власта и од опозицијата да продолжат со реформите.

- Подршка за реформите дојде од сите страни. Како што кажа примиерот Зоран Заев, Владата и политичките лидери се должни и носат одговорност за унапредување на интересите на сите граѓани во земјата, се вели во изјавата за МИА од американскиот Стејт департмент.

 

 

 

21.03.2018 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега