Османи: Очекуваме поддршка од РеСПА за подготовка на администрацијата за преговори

Очекуваме силна поддршка од Меѓународната организација за зајакнување на регионалната соработка во областа на јавната администрација во Западен Балкан (РеСПА) особено во рамките на соработката со Секретаријатот за европски прашања, како носечко тело за координирање на процесите врзани за иницијативите од Стратегијата за проширување на Европската комисија.

Ова го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи на денешната средба со директорката на РеСПА, Ратк а Секуловиќ. Како што соопшти СЕП, на средбата Османи ја истакна исклучително важната улога на РеСПА во претстојниот период, која покрај стандардната подготовка на администрацијата во процесот на Стабилизација и асоцијацијаима има важна улога и во асистирање на земјите од Западниот Балкан во нивната подготовка за имплементацијата на шесте иницијативи на Европската Комисија, содржани во анексот на Стратегијата за проширување 20-25.

- Македонија се надева на почеток на преговори за полноправно членство во Европската унија, што претставува голем предизвик за нашата администрација, и за што очекуваме поддршка и помош од услугите и платформата за размена, која ја нуди РеСПА, истакна Османи.

РеСПА претставува проект финансиран од ЕУ чија цел е поддршка во креирањето на одговорни, ефикасни и професионални системи за јавна администрација во земјите од Западниот Балкан на нивниот пат кон пристапот во Унијата. 

 

 

 

21.03.2018 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега