Политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Белгија

 Развојот на билатералните односи меѓу Македонија и Белгија, реформските процеси во Република Македонија, за ЕУ и за НАТО, како и развојот на односите на земјава со соседите беа теми на денешните билатерални политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

Делегацијата на македонското МНР ја предводеше државниот секретар Виктор Димовски, а на белгиското генералниот директор за билатерални работи Аник Ван Калстер.

Политичките консултации претставуваат реализација на заемните заложби за континуиран политички дијалог, по последните политички консултации, одржани во октомври 2016 година во Брисел.

Беше констатирано дека билатералните односи се развиваат во континуитет, во духот на меѓусебната доверба и пријателство, без отворени прашања, при што беше потврдена заемната заложба за нивно натамошно унапредување.

Од македонска страна беше изразена висока оценка за белгиската континуирана поддршка за евро-атлантските интегративни заложби на Република Македонија, соопшти МНР.

Белгиската страна ја реафирмира поддршката на реформските процеси во Македонија, чија крајна цел е целосна интеграција на државата во Европската унија и НАТО.

 

 

 

21.03.2018 - 17:50
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега