ДУИ го поддржа протестот за малиот Алмир

Протестот што денеска се одржа пред Владата за преквалификација на случајот за малиот Алмир го поддржа и коалициониот партнер во Владата, ДУИ. На протестот присуствуваа високите функционери и пратеници од партијата, кои ги критикуваа судот и Обвинителството.

„Макфакс“ објави видео на кое се гледа како Албанското знаме беше закачено на оградата од владината зграда по завршувањето на говорот на актерот Висар Вишка и мајката на Алмир, а на истото место симболично беа поставени и слики со среден прст во знак на протест за одлуката на судот во Куманово за преквалификување на случајот, како и средниот прст што братот на осомничениот Бобан Илиќ го покажа кон семејството на Алмир.

 

Покрај транспарентите на кои беа испишани пораки против македонската влада и правосудството, се најде и пречкртана слика на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, со куршум на средината од неговотo чело алудирајќи на негово убиство.

 

 

 

21.03.2018 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега