Тим експерти од МНР и Кабинетот на Премиерот го подготвиле македонскиот нацрт- договор

Тим експерти од Министерството за надворешни работи и од Кабинетот на Премиерот го подготвиле македонскиот нацрт- договор, што се испрати во Атина,пишува Тв Алфа.

 

 Македонскиот тим не функционирал посебно во рамки на преговорите , информираат од Владата. Во креирањето на одредбите пак на грчкиот нацрт договор, учествувале правници од Грција, но и врвни познавачи на меѓународното право странци и Грци кои не живеат во соседната земја. Претставници на меѓународни организации за човекови права, дури ангажирани биле и експерти врвни во областа за креирање на брендови, пишуваат грчките медиуми.
 
 Пред утрешното доаѓање на Коѕијас во Скопје и не се кажува многу, стандардното- преговорите не се воделе преку медиумите.
 
- Во однос на преговорите знаете дека ние тие преговори не ги водиме преку медиумите. Тимот го подготвија тим експерти на МНР и од Кабинетот на Премиерот. Меѓутоа не се работи за тим којшто посебно функционира во рамки на преговорите,вели портпаролот на Владата. 
 
 Ако грчката нацрт спогодба ги отвора 7те точки којшто Коѕијас ги најави уште пред неколку месеци, македонската нацрт спогодба била само технички аспекти за структурата на меѓународниот договор. Содржела повеќе меѓународни формулации на вакви договори, формулации во делот на името, употребата, идентитетските прашања, кодовите, кои се уште се на маса на преговорите и биле оставени како празни полиња . Со оглед на тоа дека немало помрднување на позициите, ништо и не можело да биде ставено во документ.
 
 Вчера стигна и реакција од МАНУ. Претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите Таки Фити упати порака дека прифаќање на име за севкупна употреба , внатрешна и надворешна, би значело и промена на Устав, промена на имињата на институциите и ревизија на сите меѓународни договори.
 
 Од Владата пак велат - прво да се види што ќе произлезе од преговорите па после ќе разговараме за изјави на поединци. Им се заблагодарија на МАНУ за соработката и за идеите кои ги доставуваат преку медиумите до целата јавност околу процесот на преговорите. 

 

 

 

 

 

21.03.2018 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега