Заев на средба со претставници од карате клубови од Македонија
Премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и советниците за спорт, остварија средба со претставници на Карате клубови од Македонија.
На средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочуваат карате клубовите во своето работење, како и предлози за конструктивно надминување на пречките, со цел развој на квалитетни спортски клубови и спортисти од областа на каратето.
Директорот на АМС, Каевски, ги извести претставниците на КФМ за конкретните чекори кои се преземаат од страна на Агенцијата за решавање на проблемите во КФМ и други спортски федерации во земјава.
Тој во текот на средбата истакна дека најдоброто решение ќе произлезе од заедничките средби на сите засегнати страни.
Заев ги задолжи Каевски и и советниците за спорт да ги искористат сите алатки во нивна надлежност за да се решат отворените прашања во интерес на спортистите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа