Судот одлучил: Беса останува на Касами

Беса и дефинитивно останува на крилото предводено од Билал Касами. Вака пресекол судот на денешната расправа, брифира за Плусинфо висок функционер на Бeса.

Извесно е дека крилото предводено од Гаши ќе треба да формира нова партија, а одбиено е барањето на Африм Гаши, тој да биде впишан за претседател на Беса.

Од крилото на Гаши не сакаа да коментираат за идните чекори, додека од Судот не добијат официјално известување.

– Немаме официјална информација од Судот дека донеле таква одлука. Откако ќе добиеме официјално од Судот, органите на партијата ќе донесат одлука – вели Орхан Муртезани.

 

 

 

29.03.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега