Дескоска: Законски измени за олеснување на пополнувањето на електронскиот дневник

Во законите за основно и средно ќе бидат направени измени кои ќе се однесуваат на тоа дека електронскиот и хартиениот дневник не мора и не треба да бидат во еднаква содржина во смисла на сите компоненти кои ги содржат. Факт е дека одредени компоненти кои ги содржи електронскиот дневник се непотребни и не ги интересираат родителите да ги читаат, ниту пак ги гледаат.

Ова го истакна министерката за образование и наука Рената Дескоска, која рече дека од друга страна одредени аспекти кои се заеднички за целото училиште или пак се заеднички за сите училишта ќе бидат преку технички начин направени автоматски да се вметнуваат во електронскиот дневник за да не мора наставникот да ги вметнува.

- Еден дел ќе остане кој ќе се пополнува, а тоа е присуството и оценките кои ги добиваат учениците, рече Дескоска, одговарајќи на прашање на пратеничката Татијана Лалчевска од СДСМ.

Во однос на измените на законите за основно и средно образование, посочи дека разгледуваат кога ќе се формира фондот на часовите на наставниците еден дел од фондот на часовите да биде признаен на одредени наставници кои ќе бидат задолжени за водењето на електронскиот дневник на ниво на училиште.

Според неа, на овој начин ќе направат баланс на обврските и наставниците ќе се растоварат

 

 

 

29.03.2018 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега