Се чини како пролетта конечно да пристигна, но не е така - од сабота следат нови промени

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност, поизразена на запад и со слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а максималната од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Температурата ќе се движи од -1 до 18 степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево. Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.

Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд.

 

 

 

29.03.2018 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега