Џафери нема намера да стави потпис на законот за јазици наместо Иванов

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека нема намера да се потпише наместо претседателот Иванов, со што ја отфрла можноста законот да се испрати во Службен весник со два негови потписи, објави Сител.

Сепак, на брифингот со новинарите, не беше прецизен дали би го испратил законот на објавување во Службен весник со само еден потпис. На ова тој одговори: „Да видиме што ќе кажа демократијата“. Џафери ја отфрли и идејата на премиерот Зоран Заев за поведување на инцијатива пред Уставниот суд за судир на надлежности меѓу парламентот и шефот на државата.

-  .. Нема основ по кој јас би се обратил до Уставниот суд. Според мене нема конфликт на надлежности согласно чл. 110 од Уставот. Овде нема судир бидејќи надлежностите на двете институции се дефинирани со Уставот. Претседателот нема надлежност во законодавната постапка, особено во делот на второт прегласување каде што нема право туку обврска за потпис, изјавил Џафери 

Од пратеничката група на СДСМ вчера не одговорија дали тие би ја презеле ваквата инцијатива.

Сепак, според Џафери, излезени решенија за зкаонот  за јазици има, но рок кога би ги објавил овие решенија нема.

Собранискиот спикер ја исклучува и можноста од покренување на постпака за осговорност на Претседателот пред Уставниот суд. Според него, таква уставна можност постои и може да ја иницира само парламентот, но во крајната фаза од донесувањето на ваквата инцијатива, тешко би се обезбедиле потребните 81 глас. За Џафери, Иванов би можел да биде повикан на одговорност според кривичниот законик за непочитување на зкаонска должност. Тод рече дека усно побарал средба со шефот на државата, но дека одговорил не добил.

По одлуката на Врховниот суд да го укине затворскиот притвор на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Џафери очекува тие да се вратат во работата на Собранието. Неучеството на опозицијата во Собранието беше условено со притворот на пратениците – тој аргумент сега е елиминиран и треба да се вратат вели Џафери.

Тој ја најави и  средбата во рамките на Жан Моне процесот од 17 до 19 мај во Охрид, на која прва точка е собранискиот Деловник.

 

 

 

29.03.2018 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега