Реакција на гледачите во „Ја сакам Македонија“: „Од пратениците направивме богаташи“

Граѓаните се револтирани на предлогот од спикерот Џафери и работните групи од владејачкото мнозинство во парламентот, пратениците да добијат службени станови како би се намалил надоместокот за патни трошоци. Во утринската „Ја Сакам Македонија“ на Сител  се јавија голем број гледачи кои пак дадоа и свои предлози. Народните избраници наместо да собираат фискални доколку сакаат навистина да ги намалат трошоците, да се возат со воз или автобус.

Други пак реагираа дека покрај високите приходи, тие уживаат и многу други привилегии со нивната функција. Граѓаните тврдат дека пратениците ќе бидат многу поблиску до граѓаните и ќе им служат вистински само доколку имаат исто секојдневие како студентите, пензионерите, вработените во фабрика, земјоделците и други кои секојдневно патуваат со автобус или воз за да дојдат до работа.

Направивме богаташи од нив, велат граѓаните

- Тие ги имаат сите привилегии, не чекаат на мој термин , не само за патни трошоци.

Идејата за овие три модели кои ги предлагаат пратениците од владејачкото мнозинство, следната недела ќе им биде испратена на пратениците од ВМРО ДПМНЕ.  Оние кои ќе имаат право да изберат службен стан или пак надоместок за гориво, се третата категорија од предложените и се однесува на оние кои живеат подалеку од 120 километри од зградата на Парламентот. Ќе можат да добијат  300 евра за самата закупнина и 200 евра за режиски трошоци. Пратениците сами ќе ги избраат становите кои ќе ги закупат. Нема да добиваат надоместок за одвоен живот, но ќе можат четири пати месечно на државен трошок да заминат до родното место, најчесто за викенд.

 

 

 

29.03.2018 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега