Времето целосно се менува: До сабота топло, а потоа подгответе се за непогоди

Времето во Македонија денеска сончево и потопло со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер. 

Утринската температура се движеше од минус еден до три степени, а дневната од осум до 21 степен. 

Во Скопје сончево со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура до минус еден, а дневната до 18 степени. 

Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток. За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец. До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините. 

 

 

 

29.03.2018 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега