Неисправна водата за пиење во селата од зајашкиот регион

Водата од Градскиот водовод во Кичево  е исправна за пиење, а бактериолошко загадување е утврдено кај водата во селата од зајашкиот регион, покажала редовната контрола на квалитетот на водата за пиење во кичевскиот регион спроведена од Одделението за хигиена со здравствена екологија - Кичево.

Примероците на водата за пиење што биле земени на 21. месецов од Градскиот водовод од седум мерни места одговарале на Правилникот за безбедност на водата во однос на испитаните параметри, што не било случај со испитаните примероци од централниот водовод во Зајас и водоснабдителните објекти кај останатите села во тој реон.

Во препораките до населението се потенцира водата да не се користи за пиење се до добивање исправен примерок.

- Неопходно е спроведување постојана квалитетна дезинфекција на водата во централниот зајашки водовод во соработка со ЈКП Комуналец кој е одговорен за тоа, а во останатите села по можност да се врши повремена дезинфекција на водата. Дотогаш пред користење водата да се преврива, се вели од соопштението од Центарот за управување со кризи-Кичево.

 

 

 

29.03.2018 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега