Опасност од поплави: Двојно зголемени водостоите на реките и езерата во Македонија

Поради најавата за нов влажен циклон во Македонија, постои опасност од полави. Нивото на реките ширум земјава е двојно зголемено, а експертите алармариаат состојбата будно да се следи. Надлежните тврдат дека се на готовс, објави 24 Вести.

„Од страна на Центарот за управување со кризи известени се сите надлежни институции, вклучително и  единиците на локална самоуправа. Се координираат активностите и континуирано ја следиме состојбата“, вели Надица Вчкова – Центар за управување со кризи

Најкритично е крајбрежјето на Охрид, кое под вода беше и минатата недела. Нагорно отстапување бележат и Преспанското и Дојранското Езеро. Зголемени се нивоата и на Вардар, Сатеска и Треска. Хидролозите потенцираат дека неопходно е постојано да се следи водостојот на критичните точки,  каде е можно излевање на речните корита.

„За време на викендот освен што се очекуваат врнежи од дожд во сабота се очекува и јужен ветар на места и засилен кој повторно би можел да придонесе локални излевања на Охридското Езеро, на сите оние места кои се наоѓаат до неговото крајбрежје“, вели  Атанас Ургински – хидролог

Од Центарот за управување со кризи тврдат дека активно ја следат состојбата и дека нема простор за паника. Од Управата за хидрометеоролошки работи,  за викендов, прогнозират нов влажен бран, со засилени врнежи и ветрови со брзина поголема од 80 километри на час.

 

 

 

29.03.2018 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега