Судијата ги искара обвинетите во Титаник - рочиштето одложено

Судијата Осман Шабани го одложи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за 12 април, за да може одбраната на обвинетите да изврши увид во доказните материјали. 

Одбраната на обвинетите на почетокот од судењето што се одржува во новата зграда на Кривичниот суд, побара одложување на денешното рочиште за да извршат увид во доказите и да се подготват за главната расправа. Одбраната бара судот да ги одложи и наредните три рочишта закажани за овој месец, а времето да биде искористено за увид во списите на предметот. Дел од адвокатите рекоа дека воопшто не добиле ЦД со доказни материјали кои се на 25.000 страници.

Од СЈО беа против и сметаат дека предлогот на одбраната е со цел да се одолговлечи постапката. Обвинителката Лиле Стефановска побара предлогот да биде одбиен како неоснован.

Судијата Осман Шабани на денешното рочиште ги опомена обвинетите да не ги користат мобилните телефони во судницата. 

Доколку не го почитуваат тоа, најави дека на следното рочиште ќе им бидат одземени од судската полиција. 

 

 

 

02.04.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега