Затвореникот од Битола кој се самоуби си ја убил сопругата

Битолчанецот кој се обеси во затворската ќелија, е човекот кој лани си ја уби сопругата во Битола, пишува Орбис.

54- годишниот битолчанец си ја уби сопругата минатата година на 13 март.

Утрово, во Одделението за притвор во Затворот Битола околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д.(54).

-Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек. Зошто, речиси една година по убиството на неговата сопруга тој се уште е во одделението за притвор, нема информации, пишува Орбис.

 

 

 

02.04.2018 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега