Заев: Со прогресивното оданочување може да дојдеме до социјална помош од 12.000 денари

Пресметките околу моделот на прогресивното оданочување веќе се направени и јавноста наскоро ќе може да дискутира за тоа колкав е минимално, најави премиерот Заев денеска на првото одбележување на Денот на буџетот, организиран во Собранието, а по повод 26 години од донесувањето на првиот буџет на независна Република Македонија.

– Ако со 18 проценти се оданочи месечниот приход над 1.000 евра тоа ќе засегне 74.000 граѓани. Процентот на засегнати граѓани е многу мал, а се добива сериозен износ и тој може да се алоцира таму каде што парите се потребни. Со прогресивното оданочување точно ќе знаеме колку пари ќе добиеме, но тие пари ќе бидат строго наменски и точно ќе се знае каде ќе одат. Така, ако на пример добиеме 30 милиони евра, ќе знаеме каде да ги распоредиме, а со помош на Министерството за труд, ќе можеме да дојдеме и до еден пристоен праг на социјална помош од 12.000 денари – рече Заев, пренесе Слободен печат.

 

 

 

02.04.2018 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега