МПЦ-ОА прв пат ќе го добие Благодатниот оган преку БПЦ

Македонската православна црква - Охридска архиепископија годинава по првпат за Велигден официјално ќе го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква.

Благодатниот оган, пренесува БГНЕС, на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на македонскиот владика Иларион кој ќе биде испратен лично од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Веднаш потоа владиката Брегалнички Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје од каде Благодатниот оган ќе биде разнесен до сите православни храмови во Македонија.  

Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј.

 

 

 

02.04.2018 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега