Српското МВР ќе ја обезбедува границата на Србија со Македонија и Бугарија

По повеќе од 20 месеци ангажман, Заедничките сили на српската војска и полицијата ја пренесоа надлежноста за обезбедување на државната граница со Македонија и Бугарија на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Заедничките сили за обезбедување на државната граница беа формирани со одлуката на Владата на Србија на 19 јули 2016 година и досега спречија нелегално преминување на државната граница на преку 23.000 илегални мигранти. Во истиот период беа спречени и 154 случаи на криумчарење 2.177 лица.

Приведени се 172 лица од кои повеќето од Србија 134, 17 бугарски државјани и други од Пакистан, Авганистан, Ирак, Холандија, Австрија, Молдавија и БиХ. Надлежните органи одредија притвор до 30 дена за 122 лица, а против 39 се поднесени кривични пријави во редовна постапка. За двајца малолетници се поднесени прекршочни пријави, а за девет лица постапката е прекината.

- Задачите што ги довери Владата на Србија, спречувањето на илегалната миграција на мигранти на територијата на Србија, спречувањето криумчарење луѓе преку државата и приведувањето на лицата вклучени во овие активности, Заедничките сили успешно ги извршија под команда на пет командири овластени од претседателот на Република Србија. Команданти на Здружените сили за безбедност на државната граница, од неговото формирање досега, беа генерал-мајор Желимир Глишовиќ, бригадниот генерал Миле Јелиќ, бригадниот генерал Дејан Јанковиќ, полковникот Владета Балтиќ и полковникот Саша Недељковиќ, се вели во соопштението на мистерството за одбрана. 

 

 

 

02.04.2018 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега