По Велигден, Коѕијас повторно во Скопје

Кон средината на идната недела, по велигденските празници, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас повторно ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со министерот Никола Димитров, пишува „Независен весник“ повикувајќи се на дипломатски извори.

Откако двајцата министри беа на заедничка средба во Виена , објавија дека се оптимисти за решението на името, а доказ за тоа се и честите дипломатски средби.

Според грчките медиуми, за Грција принципот “ерга омнес” е непрекршливо правило, исто како и промената на Уставот. За Македонија, црвени линии и натаму остануваат именувањето на јазикот и на националноста.

 

 

 

02.04.2018 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега