Вечерва на белградската ТВ Н1 документарец за СЈО - „Чарлиевите ангели”

На белградската ТВ Н1 вечерва со почеток во 20.00 часот премиерот ќе биде прикажан документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели” за тимот обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

„Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, соопшти СЈО за најавите за телевизиското прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели”.

Од СЈО, пак, испратија корекција, дека документарниот филм се однесува на сите обвинители, а не само на трите најистакнати обвинителки.

 Во филмот „Македонските чарлиеви ангели“ британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата, се наведува во ТВ најавата што се емитува за документарниот филм, како и на интернет порталот на овој водечки телевизиски канал во Србија и регионот.

 
 
 
 

 

 

02.04.2018 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега