Заев го охрабрил Каевски целосно да го расветли случајот „Млади поети“
Премиерот Зоран Заев на денешната средба го охрабрил директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски целосно да го расветли случајот околу печатењето на збирката „Млади поети“.
Заев на средбата порачал да се побара одговорност од сите учесници, но и да се спроведат јасни протоколи за никогаш повеќе, како што рекол, да не се повтори грешката.
Како што информира владината прес-служба за МИА, на состанокот повторно е осуден говорот на омраза и дискриминација кој е идентификуван во еден дел од содржината на збирката.
- За Владата на РМ, Македонија е отворено, слободно, едно општество за сите во кое нема место за таков тип недолична комуникација, велат од прес-службата.
Каевски пред премиерот ги презентирал првичните наоди од внатрешната анализа за печатењето на „Млади поети“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа