Охридското езеро се уште е над критичната граница-колекторскиот систем е пред колапс

И покрај тоа што охриѓани ноќеска имаа мирна ноќ ,сепак состојбата со високиот водостој во Охридското езеро сеуште е алармантна, објави ТВ Сител.

Моментално се наоѓа на 694,3 метри односно за 28 сантиментри над максимално дозволената кота.

Вообичаено за вака висок водостој кој постојано расте, под вода се уште се делови од градскиот  кеј, поплавувања има и  на одредени места од пристаништето до Канео а поткопан е и дел од патот Охрид-Свети Наум,Невремето повторно направи оштетувања на градското шеталиште и исфрли огромно количество на ѓубре.

Добрите познавачи сметаат дека потребно е да се направи денивелација да се утври природната кота од 693 17 која е направена во 50тите години и е репер за осцилации на охридското езеро.

Од Ценарот за управување со кризи смируваат велат дека место за паника нема од Црн Дрим се врши максимален испуст. Меѓутоа исклучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс поради  зголеменото ниво на подземни води.

Надлежните велат дека  и покрај тоа што во наредните денови се очекува да се зголеми водостојот и на реките, сепак истите нема да предизвика поплавувања бидејќи според најавите од УХМР ќе се стабилизираат времeнските услови.

 

 

 

02.04.2018 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега