Нема да се радуваме долго на сонцето - доаѓа влажен бран со многу дожд и грмежи

 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат од -2 до пет, а максималните 16 до 22 степени.

Во Скопје слично време со температура од два до 20 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток се уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер. Особено на југот ќе има и услови за појава на нестабилност и грмежи. 

 

 

 

03.04.2018 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега