Петровски: Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат неотповиклива оставка

Поранешниот директор на Државен архив, Филип Петровски е новиот член на Демократската фракција во ВМРО-ДПМНЕ. Според него сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба да поднесат неоповиклива оставка, бидејќи само така ќе биде предизвикана власта која не е легитимна, објави Фокус.

Тој смета дека најголемата грешка на опозициската партија е што нагло влегла во тајни преговори со власта на Заев.

-Нашата партија не прави грешки туку прави редици од грешки. Грешките се на секојдневно ниво и се позагрозувачки по интересите на партијата, членството и иднината на државата. Загрозувањето тргна од тајните преговори со Заев. Како што гледам преговорите финиширале на обострано задоволство на Заев и Мицкоски. Изјавија дека партиските комисии се договориле за се и сега ќе ги усвојуваат реформските закони. Во меѓу време ради театар за македонската јавност ќе се правела интерпелација. Не г-дине Заев и г-дине Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не треба да ви направи интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ не смее да го признае Џафери за легитимен, затоа што не е избран со 61 пратеник – изјави Петровски на денешната прес конференција на Фракцијата.

Како што велат од фракцијата, формирање на нова партија не доаѓа во предвид, затоа што нивна матична партија е ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат таму за да ја реформираат и демократизираат.

-Најавувам дека ќе се придружат нови членови, граѓански здруженија принудени да се формираат затоа што не можат да се изразат во ВМРО-ДПМНЕ. По кратко време ќе станеме доминантна структура. Ние сме сите од ВМРО-ДПМНЕ, тоа што не можеме да се изразиме во внатре партиските органи, не принудува да комуницираме со членовите на овој начин – рече Петревски.

Од Фракцијата бараат промена на статутот и за изборот на лидерите да одлучува членството.

-Нашата партија е безидејна, да се обединиме со една цел, спас и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, промена на статутот, месните комитети да ги избираат општинските комитети. Тука сме многу луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои сме различни по делување и по идеја, но цело е кога има се. Во една партија треба да има и различности, тоа не ни смета, наша цел е платформата која ја пропагираме да успее – рече Александар Коневски.

 

 

 

03.04.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега