Штипјанка починала од срцев удар при семејна расправија

Синоќа околу 20 часот и 30 минути во Штип во куќа на улица Борис Кидрич број 4, при семејна расправија, починала 53-годишна жена.

57-годишниот Ремзи Дибранов најпрво започнал караница со своите синови, Геохај и Тунај, која набргу прераснала во физичка пресметка. При расправијата, и се слошило на потресената сопруга на Ремзи, четири години помладата Мубие, која се онесвестилаи на патот кон болницата за жал починала од срцев удар.

На телото на починатата не се пронајдени траги на насилство.

 

09.09.2013 - 10:07

најчитано сега