Судот пресече: Касами останува на чело на БЕСА

Претседателот на Движење БЕСА, Биљал Касами и официјално останува на чело на партијата. 

Ваква одлука донел Основниот Суд Скопје 2 кој го отфрлил барањето на другото крило во БЕСА да го впише Нџмедин Карамани како времен шеф.

-И официјално нашиот легитимитет што ни го дадоа структурите на Движењето Беса. Движењето Беса е едно, а тоа сме ние. Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците, изјави Касами, додавајќи дека нема и не може да има два политички субјекти Движење Беса.

 

 

 

03.04.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега