Нимиц денеска пристигнува во Атина без нов предлог за спорот со името

Денеска медијаторот на ОН, Метју Нимиц, пристигнува во Атина каде ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Како што претходно јави МИА, медијаторот не доаѓа со нов предлог за решавање на прашањето за името, туку со последниот од април годинава. Засега не е познато дали Нимиц има нови аргументи со кои ќе се обиде да ги доближи ставовите на Македонија и Грција.

Инаку, Самарас изминатиот викенд во својот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун рече дека „Грција нема да преговара за историскиот идентитет на грчка Македонија“. Оваа негова изјава се толкува како директна порака до ОН и Македонија дека официјална Атина не планира да попушти во спорот за името.

09.09.2013 - 10:25
Фото: 
Вис.мк

најчитано сега