„ВМРО-ДПМНЕ - Груевски + Мицкоски = Нова Влада на Република Македонија“

Mислам дека успевам да ги разобличам лошите политики на власта, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во интервју на Телма. 

„Она во што јас верувам е подобро утре за Македонија. Евроатлантска интеграција, економски, успешна, и Македонија на среќни граѓани“ - вели тој. 

Мицкоски рече дека она за што ќе оценат дека е погрешно ќе го поправат и ќе се трудат да бидат подобри. 

„Многу е значајно тие грешки да ги сведеме на минимум. Но, она што е важно се катастрофалните политики на Владата на Заев“ - вели Мицкоски. 

Тој рече дека има политички терор во земјава. За ова вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да престане да бара одговорност. 

Мицкоски вели дека само од почетокот на годинатаа, Владата ја задолжи Македонија за над 500 милиони евра. Од нив според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вратени се само 200 милиони евра стари долгови и камати, а останатите пари, се ставени во банка со 0% камата. 
„Замислете, парите ги чуваат во банка со 0% камата, а за нив плаќаме камата за еврообврзницата. За тоа некој ќе одговара. Тоа е злоупотреба на службената положба“ - вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

На провокација од водителот, кој му постави равенка, ВМРО-ДПМНЕ - Груевски + Мицкоски = Х, Мицкоски одговори, решението е нова Влада на Република Македонија.

 

 

 

03.04.2018 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега