Мицкоски: Со злоупотреба на службената положба Владата ги оштети граѓаните за 20 милиони евра

Владата на СДСМ се задолжила околу 34 милијарди денари. Притоа, треба и чесно да се каже дека отплатиле главница околу 17 милијарди денари. Останатите пари ги ставиле како депозити во Народната банка со нула камата, истакна во денешното гостување во Топ Тема на Телма телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тие им пораснале од 7 милијарди на 24 милијарди, а притоа кај што позајмиле за државната обврзница плаќаат пари за каматата. Тие што ви ја дале државната обврзница, не ви ја дале за бадијала. И тие пари до овој момент ги чинат граѓаните милион ипол евра. Злоупотреба на службена положба и за ова ќе одговара некој и ќе одговара тој кој пред една година пушташе писма во светот дека Македонија е ваква и таква и кога таа влада позајмуваше пари свесно и беше покачена каматата и ги оштети граѓаните за 20 милиони евра. За ова ќе одговара некој, парите стојат на сметка, тоа значи дека не генерирате проекти, потенцираше Мицкоски.

 

 

 

03.04.2018 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега