Конференција за НАТО по повод денот на Алијансата

По повод денот на НАТО, 4-ти април, денеска во Воениот музеј во Скопје ќе биде одржана трибина насловена „НАТО и ти“ во организација на Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА Македонија), НАТО – Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада во Скопје.

На трибината ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, морнаричкиот капетан Горазд Бартол.

Воведни обраќања на трибината ќе имаат националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, претседателот на АТА Македонија и советник за НАТО на премиерот, Исмет Рамадани, како и претседателот на светската АТА организација, Фабрицио Лучиоли.

По трибината во Воениот музеј ќе биде отворена и изложба „Република Македонија на патот кон НАТО“, која ќе биде отворена за јавноста и ќе трае неколку дена. Во изложбената поставка ќе бидат претставени факсимили од клучни документи, фотографии, знамиња, воени знамиња на единици на АРМ кои учествувале во Мировни мисии на НАТО, карти, воени униформи, воени одликувања, плакети, публикации, видео и аудио материјали и други содржини.

Музејската изложба се организира и по повод 25-годишнината од донесувањето на Одлуката на Собранието на Република Македонија за членство на Република Македонија во НАТО. 

 

 

 

04.04.2018 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега