Готова е интерпелацијата за Владата на Заев - ВМРО-ДПМНЕ во вторник во Собрание

Интерпелацијата за Владата на Заев е подготвена и најверојатно во сабота ќе биде поднесена во Собранието, јавува 24 повикувајќи се на високи партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите на телевизијата, планот е таа да се поднесе на ден пред Велигден за на првиот работен ден по празниците, во вторник да се најде на дневен ред пред пратениците.

Ваквата можност на пратеничките координатори  веќе им ја најавил и Талат Џафери.

Согласно Деловникот, дискусијата за интерпелацијата трае два дена по што пред полноќ се гласа доколку претходно не се исцрпи листата на пријавени дискутанти.

За недоверба на Владата на ВМРО-ДПМНЕ му треба 61 глас во Собранието.

Оваа интерпелација ќе биде прва за владата на Заев. Претходно ВМРО-ДПМНЕ поднесе неколку интерпелации за министри во Владата, но тие никогаш не се најдоа на дневен ред.

 

 

 

04.04.2018 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега