Сметката на гинекологија блокирана од 12 тужби откако бебиња добиле слепило

Сметката на Клиниката за Гинекологија е блокирана поради наплата на извршни судски решенија од 660 000 евра. Тужбите биле од две семејства чии новороденчиња во 2008 добиле слепило  бидејќи во тој период немаше скрининг за ретинопатија во државата. Уште десетина семејства со истиот проблем чекаат извршување на судските решенија. Покрај раководството на клиниката на кои не им е јасно зошто од нивниот буџет се земаат пари, затекнат со ваквата ситуација е и министерот за здравство кој најави дека ќе бараат решение во координација со други институции, пренесе Сител.

-Одлуката за повлекување на пари за судска пресуда од 2008 не затекна и нас, тоа се екстра пари кои не биле рпедвидени во буџетот на установата. Во текот на попладненвните часови ќе имам средба со директорката на клиниката и со претставници на министерството за финансии за да знаеме кои следни чекори да ги преземеме, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Во 2008, 12 семејства реагираа дека нивните предвремено родени бебиња имаат оштетувања на видот додека биле во инкубатори на Гинекологија. Не им била направена навремена дијагностика за ретинопатија.

-  Станува збор за оштетувања на видот кај новороденчиња родени со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост.

Дојдена е извршна пресуда од 40.974.561 денари, сума на процеси од пред 10 години која сега би требало одеднаш да се плати, стои во соопштението од ГАК

Од Гинекологија велат дека не постои никаква поврзаност на блокираната сметка со донаторската кампања која почнала минатата година. Тврдат дека собраните пари ќе ги наменат за купување на нова опрема, а сега и покрај блокадата функционирале нормално.

 

 

 

04.04.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега