Државниот архив ќе добие нова зграда - вака Владата ќе го решава проблемот

Изградба на нов објект и реконструкција на покривот на постојната зграда.. Ова е владиниот план за решавање на проблемот со протекувањето на Државниот архив.. Надлежните признаваат дека ќе се потрошат повеќе пари ама сметаат дека е тоа единствено решение, јавува Сител.

„Секако владата има свесност дека тоа ќе биде поскапо отколку враќањето назад, тоа се пак зафати кои што ќе чинат, но сигурно и нема да биде како градба“, вели Зорица Апостолска Министер, без ресор

Засега не се знае колку ќе чини изградбата на новиот објект, каде ќе се наоѓа ниту кога ќе биде готов.. Нема предвиден буџет и за најавените поправки на постојната зграда.. Од владата велат дека тоа ќе го утврдел директорот на архивот..

Според надлежните, протекувањето нема уништено документи во депото на зградата покрај Вардар.. Додаваат оти голем дел од архивскиот материјал е се уште во старото депо иако објектот ќе го користи Обвинителството за организиран криминал.

„Невозможно е вработените да се вратат во старото, во стариот архив, бидејќи ќе се отворат два други проблеми кои што се веќе, кој што во моментов не се проблеми, тоа не е решение“, вели Миле Бошњаковски, Портпарол на Влада на РМ.

Инаку вработените во државниот архив на крајот од февруари побаараа од премиерот да се вратат во старата зграда.. И покрај ова, на синоќешната владина седница е одлучено да се гради нов објект за архивот.

 

 

 

04.04.2018 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега